Достапни линкови

Двоен бомбашки напад во северен Ирак


При напади со камиони - бомби насочени кон канцеларии на две курдски политички партии во северен Ирак загинаа најмалку 23 луѓе.

Градоначалникот на градот Туз Курмату изјави дека најпрвин бомбаш-самоубиец со камион полн со експлозив се втурнал во полициски контролен пункт во близина на канцеларијата на Патриотската унија на Курдистан, партијата на претседателот Џалал Талабани.

Кога се собрале луѓе да им помогнат на повредените, експлодирал вториот камион - бомба.
XS
SM
MD
LG