Достапни линкови

Десет прашања и одговори за Светскиот куп во Бразил


Неколку факти, очекувања и прогнози во врска со Светското фудбалско првенство во Бразил. На пример: кој би можело да победи или колку влезници се продадени досега?

Кога почнува и кога завршува Светското фудбалско првенство?

Првиот меч е во Сао Паоло беше на 12 јуни меѓу земјата домаќин Бразил и Хрватска. Финалниот е на стадионот Маракана во Рио де Жанеиро на 13 јули. Се натпреваруваат 32 репрезентации. Ова е 20 Светски куп и прв во Јужна Америка од 1978 година. Бразил е единствената земја која учествувала на сите и која освои пет трофеи.
Ако Лионел Меси сака да биде најдобар најмалку што треба да направи ќе мора да ја однесе Аргентина во финалето, како што го стори Марадона. Португалецот Кристијано Роналдо можеби нема да дојде до финалето, но би можело да блесне во групата во која се уште Соединетите Држави и Германија. Од домашното момче Нејмар не се очекува ништо помалку.

Кои се фаворити?

Сите големи букмејкери велат дека Бразил е фаворит. Три спрема еден дека Бразилците ќе го освојат и шестиот трофеј. На второ место е Аргентина, поради лесната група. На трето место е Германија, а на четврто, бранителот на титулата Шпанија.

Кои репрезентации можеби ќе бидат фаворити?

Белгија е на петото место со 16 спрема 1, малку чудно со оглед на фактот дека оваа репрезентација последен пат беше меѓу најдобрите 16 тимови во 1986 година. Следуваат Франција и Колумбија.

Кој ќе биде најдобар фудбалер?

За тројцата најдобри не постои сомневање. Ако Лионел Меси сака да биде најдобар најмалку што треба да направи ќе мора да ја однесе Аргентина во финалето, како што го стори тоа Марадона. Португалецот Кристијано Роналдо можеби нема да дојде до финалето, но би можело да блесне во групата во која се уште Соединетите Држави и Германија. Од домашното момче Нејмар не се очекува ништо помалку.
Германскиот напаѓач Мирослав Клосе може да го изедначи рекордот на бразилецот Роналдо со 15 голови на Светски првенства.

Можеме ли да очекуваме многу голови?

Не, ако продолжи сегашниот тренд. Просечниот број голови по меч опаѓа на секој Светски куп од 1994 година кога просекот беше 2.71 гол. На претходното првенство во Јужна Африка просекот падна на 2,27 голови. Колку за пример, последниот светски куп со три голови по натпртевар беше во Шведска во 1958 година.

Какви рекорди можеме да очекуваме?

Германскиот напаѓач Мирослав Клосе може да го изедначи рекордот на бразилецот Роналдо со 15 голови на Светски првенства. Ако Алжир не постигне гол и сега ќе биде единствената репрезентација која на шест првенства нема постигнато гол. Ако селекторите на САД, Јирген Клинсман, и на Франција, Дидие Дешамп, го освојат трофејот, тие ќе им се придружат на Марио Загало и на Франц Бекенбауер кои го имаат освоено и како фудбалери и како тренери.
Бразил е голема земја и на навивачите кои ќе одат на југот ќе им треба топла облека бидејќи температурата преку ноќ може да биде околу нулата. На север, пак, ќе биде топло и влажно. Можни се и поројни дождови.

Дали стадионите ќе бидат завршени на време?

Шест стадиони беа завршени за ланскиот Куп на конфедарциите и се во одлична состојба. Би можело да има проблеми за шестте преостанати во: Порто Алегре, Сао Паоло, Манаус, Куиаба, Куритиба и Натал. Како и да е повеќето стадиони архитектонски изгледаат импресивно.

Колку публика може да се очекува?

Досега биле продадени три милиони билети. Ако се има предвид дека ќе се одиграат 64 натпревари тоа значи дека во просек ќе има по 47.000 гледачи. Сепак едно е сигурно, рекордот од првенството во САД во 1994 година нема да биде надминат: 69.000 гледачи по натпревар.

Какво ќе биде времето?

Бразил е голема земја и на навивачите кои ќе одат на југот ќе им треба топла облека бидејќи температурата преку ноќ може да биде околу нулата. На север, пак, ќе биде топло и влажно. Можни се и поројни дождови.

Дали Светскиот куп ќе биде нарушен од протести и нереди?

Краткиот одговор е: Никој не знае. Би можело да има протести и штрајкови. Но никој не очекува тие да бидат големи како ланските за време на одржувањето на Купот на конфедерации. Сепак, ако дојде до масовни нереди, полицијата и армијата е во состојба на готовс.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG