Достапни линкови

Католичката црква им даде „црвен картон“ на организаторите на СП во Бразил


Националниот стадион во Бразилија.

Националниот стадион во Бразилија.

Бразилската бискупска конференција се противи на извртувањето на приоритетите при користењето јавни пари што треба да одат за здравството, образованието, основните санитарни услови, транспортот и безбедноста.

Папата Франциск можеби е голем фудбалски фан, но Католичката црква им даде „црвен картон“ на организаторите на Светското фудбалско првенство во Бразил, поради тоа што потрошија милијарди долари за стадиони, а не ги подобрија екстремно лошите јавни служби, пишува Ројтерс.
Црквата сака да придонесе во јавната дебата и да ја изрази својата загриженост од... извртувањето на приоритетите при користењето јавни пари што треба да одат за здравството, образованието, основните санитарни услови, транспортот и безбедноста.


Во брошурата во форма на црвен картон што минатата недела беше дистрибуирана низ црквите и парохиите во најголемата католичка држава во светот, Бразилската бискупска конференција ја повикува бразилската влада да го почитува правото на луѓето да демонстрираат против едномесечниот Мундијал што почнува в четврток. Илустрација.

Илустрација.



„Црквата сака да придонесе во јавната дебата и да ја изрази својата загриженост од... извртувањето на приоритетите при користењето јавни пари што треба да одат за здравството, образованието, основните санитарни услови, транспортот и безбедноста“, вели Бразилската бискупска конференција.

Овој став го делат многумина Бразилци кои во текот на изминатата година повремено излегуваат на улиците да протестираат против трошењата за стадионите за Светското првенство, на кои во земјата се гледа како на симбол на расипништвото. Се очекуваат уште протести за време на Мундијалот.
Победа за сите ќе биде можна само ако се исполнети некои основни барања.


Страстниот љубител на фудбалот кој често добива фудбалски дресови од верниците за време на мисите во Ватикан, Папата Франциск, кој е Аргентинец, се очекува да упати порака за мир во пресрет на Светското првенство.

Бразилската црква во брошурата ги критикува организаторите на Светското првенство за исфрлување на стотици сиромашни луѓе од областите во близина на стадионите, занемарувајќи ги еколошките прописи и предавајќи го спортот на „големите корпорации“.

Црквата исто така ги повикува бразилските власти на борба против сексуалната експлоатација за време на првенството, кое се очекува дека ќе привлече околу 800 илјади фудбалски навивачи од странство.

Успехот на Светското првенство, велат бискупите, нема да се мери според тоа колку пари ќе донесе во локалната економија и или колкав профит ќе обезбеди за неговите спонзори.

„Победа за сите ќе биде можна само ако се исполнети некои основни барања“, се наведува во соопштението од Бискупската конференција.

Во фудбалот, судијата покажува црвен картон како знак дека некој фудбалер е исфрлен од игра поради груб прекршок.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG