Достапни линкови

Самоубиствен напад во Ирак - 14 жртви


Најмалку 14 лица загинаа во северен Ирак кога бомбаш-самоубиец со камион полн со експлозив се втурнал во полициски контролен пункт во местото Туз Курмату. Полицијата соопшти дека при тоа биле повредени уште 50 лица.

Полицискиот пункт е во близина на канцеларијата на Патриотската унија на Курдистан, партијата на претседателот Џалал Талабани.
XS
SM
MD
LG