Достапни линкови

Најмногу коментари за „името“ и идентитетот


Mедијаторот во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц.

Mедијаторот во спорот за името меѓу Македонија и Грција Метју Нимиц.

Претстојната посета на медијаторот Метју Нимиц, анализите за името, идентитетот, евроинтеграциите, привлекле најмногу коментари на нашата интернет страница.

Нè очекува нова посета на посредникот во преговорите за името, во почетокот на следниот месец, и вестите за неговиот престој во Атина и во Скопје по којзнае кој пат, на три дена, ќе ја преокупираат јавноста и ќе го свртат вниманието од другите политички и економски проблеми во земјава. А кај вас, почитувани, внимание привлекува професорот Димитар Мирчев кој во интервјуто за Радио Слободна Европа на македонски, покрај другото, кажува дека со посетата на Нимиц „очекуваме интелигентен предлог за името“.
Тоа дека сме центарот на Балканот, библиска земја, директни потомци на Ацета и на фалангата пали за по дома. Ако излеземе на онаа Гоцева тераса и погледнеме со бистар поглед, вистината е трагична по нас.


Токму ова го испровоцирало Бургија од Зрзе преку својот коментар на нашата веб страница да бара од професорот да објасни што подразбира под „интелигентен предлог“ за името: „А и нели под никаков услов не го менуваме името?! Или можеби прикаските со патриотизмот полека завршуваат?!“, забележува Бургија.

Редовниот Пиле, откако иронично потсетува дека на професор Мирчев, како на поддржувач на политиките на ДПМНЕ и ДУИ, му се познати искристализираните ставови, особено на македонската страна, ќе МОРА да ги сподели со јавноста, а не само да поддржува тајните политики на Владата, што значи само играње на грчката карта за распад на државата.

Перо предлага професорот Мирчев, како нивни човек, да му држи трибини на народот, кому не му е јасно дека не се преговара за идентитетот, туку само за некоја додавка, затоа што, како што пишува, ние, на кои тоа им е јасно, и така сме прогласени за непатриоти и предавници. МКД потсетува на случајот со промената на знамето, за да ја истакне својата теза дека Грција во секој случај до недоглед може да става вето и дека вистинското прашање е кој може да гарантира дека тоа нема да се случува ако се согласиме на промена.

Во врска со навестувањата дека со следниот извештај на Европската комисија за нашиот напредок можно е одземање на препораката за преговори, МК Обсервер иронизира на сметка на нашава редакција, цитирам: „Конечно по пет препораки за билет кон пеколот, потенцијално добра, смирувачка вест за „пациентот Македонија“ од конзилиумот на ЦК КП ЕУ и нивните локални толкувачи од ЦК КП на РСЕ“.

Тоа дека сме центарот на Балканот, библиска земја, директни потомци на Ацета и на фалангата пали за по дома, коментира Перо. Ако излеземе на онаа Гоцева тераса и погледнеме со бистар поглед, вистината е трагична по нас.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG