Достапни линкови

Доживотна казна за две лица во случајот Политковскаја


Судот во Москва осуди пет лица од кои изрече доживотен затвор за Ром Алои Гаутикаев и Рустам Мухамедов, обвинети за убиството на новинарката Ана Политковскаја.

Обвинителите побараа доживотни казни за двајца од петмина обвинети. Другите тројца, поранешниот полицаец Сергеј Хаџикурбанов и двајцата браќа на Рустам, Ибрахим и Џабраил Мухамедови добија меѓу 12 и 20 години.

Политковскаја, остар критичар на Кремљ и нејзините политики во Чеченија, беше убиена во 2006 година во Москва.

Амнести интернешенел соопшти дека целосната правда нема да биде задоволена се додека оние кои го наредиле убиството на Политковскаја не бидат откриени и не се соочат со правдата.
XS
SM
MD
LG