Достапни линкови

Подготвителни натпревари и победи на учесниците на СП


Фудбалските репрезентации на Италија и на Франција забележаа победи во последните контролни натпревари пред настапот на Мундијалот во Бразил. На двете средби беа постигнати по осум погодоци.
Италија со 5:3 во Рио де Жанеиро го победи бразилскиот тим Флуминезе. Имобиле постигна хет-трик, а Инсиње два гола за италијанската селекција, додека за домашната екипа реализираа Чикуињо, Карлињос и Карваљо.
Француската репрезентација ја победи Јамајка со 8:0. Головите за „триколорите“ ги постигнаа Бензема, Гризман и Матуиди по два, додека по еднаш реализираа Кабај и Жиру.
Синоќа се одиграа уште еден пријателски натпревар на репрезентација која се подготвуваат за Светското првенство што почнува в четврток. Иран го совлада Тринидад и Тобаго со 2:0.
XS
SM
MD
LG