Достапни линкови

Карачи - 28 загинати во борбите на аеродромот


Пакистанските власти соопштија дека воената операција против милитантите кои го нападнаа најпрометниот аеродром во земјата во Карачи, заврши по 6-часовна битка во која загинаа 28 луѓе.

Нападот започнал пред полноќ, а претставник на армијата изјави дека го извршиле 10 милитанти и оти сите биле убиени.

Властите соопштија дека напаѓачите носеле униформи на офицери за безбедност и самоубиствени елеци полни со експлозив.
Тие демантираа дека милитантите уништиле два авиона, додавајќи оти оганот кој го предизвикале тие со рачни гранати на стариот терминал од аеродромот бил изгаснат пред зора.

Според пакистанските парамилитарени сили некои од напаѓачите биле узбеци.
Во телефонски разговор со Радио Слободна Европа, пакистанските талибанци ја потврдија одговорноста за нападот, кој бил одмазда за нивниот лидер Хакимула Масуд, кој пак лани загина при напад со американско беспилотно летало.
XS
SM
MD
LG