Достапни линкови

Зошто Европа ќе триумфира во Бразил?


На Светското фудбалско првенство во Бразил, според повеќето експерти, јужноамериканска земја, најверојатно домаќинот, ќе го освои трофејот. Но, не бидете така сигурни: благодарение на иновативниот начин на кој се игра во Европа, изгледа дека трофејот трет пат едно подруго ќе остане во европски раце.

Фудбалот до пред неколку децении беше своевиден затворен спорт. Оние што се занимаваа со него, спортисти од работничка класа кои сакаа да станат менаџери, многу не се интересираа за неговото унапредување. Можеби затоа овој спорт не се развиваше во поголемиот дел на светот, а иновациите често пати остануваа само дел од клупските разговори.


Но, европскиот фудбал од 70-тите години на минатиот век фати друг правец. На пример „тоталниот фудбал“ на холандскиот фудбалер и тренер Ринус Михелс кога сите играчи одат и во напад и во одбрана, наместо дотогаш статичното трчање на одредени позиции.

И тоа, беше само почеток. Германците ја унапредија играта фокусирајќи се врз физичката подготвеност на фудбалерите.
Оваа прекрасна игра е убава и поради тоа што е најмалку предвидлива од повеќето други спортови.


Потоа дојде играта на многу додавања, многу трчање без топка на холандската легенда Јохан Кројф што ја разви по неговото доаѓање како тренер во шпанскиот тим Барселона во 1988 година.

Таа беше надградена од уште еден Холанѓанец Луј ван Гаал, како и од Шпанецот Пеп Гвардиола кои ни дадоа посесивен фудбал, односно чување на топката со многу додавања на прва, како одбрана, проследена со брзи напади.

Овие клучни промени доведоа до сегашната брза, експлозивна и офанзивна фудбалска игра.

Европскиот фудбал пред една декада отиде чекор понапред кога математиката и науката почнаа да ги осветлуваат сите агли на играта.

Многумина шпекулираат дека статистичката револуција во европскиот фудбал е инспирирана од аналитиките во американскиот безбол од педесетите години на минатиот век. Како и да е, сериозните клубови во Европа денес имаат многу научници кои работат со нивните тренери.

Тие некогаш имаат голем, ако не и конечен збор во секоја димензија при тренирањето, раководењето, диетите, трансферите на играчите и тактиките на играта. 13 европски репрезентации кои учествуваат на годинашниот Светскиот куп во Бразил ќе ги донесат овие нивни предности.


Европејците ќе бидат побрзи и поподвижни, особено во второто полувреме од мечевите, кога стрелките на мерачите како функционира телото ја минуваат црвената линија.

Поважно од тоа е што тие ќе ја применат и статистиката, не само во тоа како е подобро да се изведуваат корнерите, туку и во која минута е најдобро да се направи некоја замена.

Секако и натаму резултатот на некој фудбалски натпревар останува тешко предвидлив.

Оваа прекрасна игра е убава и поради тоа што е најмалку предвидлива од повеќето други спортови.

Тоа особено доаѓа во израз во втората фаза на Светското првенство кога од 32 остануваат 16 екипи кои меѓусебно се елиминираат.

Но, можноста токму во втората фаза да има најголем број европски репрезентации ја прави веројатноста некоја од нив и да го понесе пехарот.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG