Достапни линкови

Во напад врз аеродромот во Карачи 23 загинати


Пакистански официјални претставници соопштија дека воената операција против милитантите кои го нападнаа најпрометниот аеродром во земјата во Карачи, заврши по 6-часовна битка во која загинаа 23 луѓе. Според властите, двајца цивили и 11 вработени на аеродромот биле убиени од вооружените лица кои го нападнаа објектот синоќа, нешто пред полноќ. Претставник на армијата изјави дека нападот го извршиле 10 милитанти и оти сите биле убиени.
Властите соопштија дека напаѓачите носеле униформи на офицери за безбедност и самоубиствени елеци полни со експлозив. Тие демантираа дека милитантите уништиле два авиона, додавајќи оти оганот кој го предизвикале тие со рачни гранати на стариот терминал од аеродромот бил изгаснат пред зора.
XS
SM
MD
LG