Достапни линкови

logo-print

Нова рунда разговори за рускиот гас за Украина


Претставници на Украина, Русија и на ЕУ денеска во Брисел почнуваат нова рунда разговори во рамките на напорите за решавање на недоразбирањата на Киев со Москва околу украинскиот долг за рускиот природен гас. Руското министерство за енергетика соопшти дека трите страни исто така ќе преговараат за цената на гасот кој Украина ќе го увезува од Русија во иднина.
Руската државна компанија Газпром речиси ја удвои цената на гасот за Украина, по соборувањето на про-рускиот претседател на Украина Виктор Јанукович, во февруари годинава.
XS
SM
MD
LG