Достапни линкови

Самоубиствен напад во Пакистан, 23 загинати


Бомбаши- самоубијци во југозападен Пакистан убиле 23 шиитски муслимани кои само што се вратиле од аџилак во Иран. Претставник на локалните власти во Балучистан изјави дека 4 лица го извршиле нападот врз хотелот во кој биле сместени верниците, во градот Туфтан во близина на границата со Иран. Според него, еден од напаѓачите бил убиен од стражарите кои патувале заедно со аџиите, но тројца други успеале да влезат во објектот и да ги активираат експлозивните направи што ги носеле. Во нападот биле повредени други 10 лица.
Сеуште не е јасно дали има врска меѓу овој и нападот на милитанти врз меѓународниот аеродром во Карачи.
XS
SM
MD
LG