Достапни линкови

Шефот на кинеската дипломатија во посета на Индија


Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска во Њу Делхи треба да се сретне со индискиот премиер Нарендра Моди и со претседателот Пранаб Мухерџи. Ванг, специјален пратеник на кинескиот претседател Кси Џинпинг, планира да го покани индискиот претседател да го посети Пекинг подоцна овој месец.
Ванг вчера допатува во дводневна посета на Индија, по што имаше средба со својот колега Сушма Сварај. Шефот на индиската дипломатија изјави дека имале продуктивна и суштинска дискусија.
Индискиот премиер Моди ја отвора политиката спрема традиционалниот ривал Кина, и покрај неговата репутација како тврд националист. Тој во минатиот месец се сретна и со пакистанскиот премиер Наваз Шариф и го покани кинескиот претседател Кси да го посети Њу Делхи подоцна оваа година.
XS
SM
MD
LG