Достапни линкови

Отцепениот грузиски регион Јужна Осетија одржува избори


Во отцепениот грузиски регион Јужна Осетија денеска се одржуваат избори за составот на парламентот.
Грузија која не ја признава декларацијата за независнот на Јужна Осетија донесена во 2008 година ги нарече изборите нелегитимни.
Кандидатите од девет партии се натпреваруваат да влезат во парламентот во кој има 34 места.
Претставници на изборната комисија во Јужна Осетија соопштија дека до попладнево одѕивот на гласачите изнесувал 44 отсто, а во регионот се регистрирани 42 илјади гласачи.
Една од партиите што учествува на изборите, побара да се одржи и референдум за припојување кон Русија.
Москва и неколку други земји ја признаа независноста на Јужа Осетија.
XS
SM
MD
LG