Достапни линкови

Економија, ЕУ, НАТО и Рамковниот договор меѓу приоритетите на новата Влада


Во периодот 2014–2018 година, Владата останува на утврдениот курс за остварување на стратегиските приоритети и цели на Република Македонија, се наведува во програмата на новата Влада, што мандатарот Никола Груевски ја достави до Собранието заедно со предлог-новиот владин состав.
Приоритети и цели на новата влада, според наведеното, ќе бидат зголемување на економскиот раст и на вработеноста, пораст на животниот стандард на граѓаните и подобар и поквалитетен живот, интеграција на земјата во ЕУ и во НАТО, бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот и ефикасно спроведување на правото, одржување на добри меѓуетнички односи врз принципите на меѓусебна толеранција и почитување и спроведување на Охридскиот рамковен договор и инвестирање во образование, иновации и информатичка технологија, како клучни елементи за креирање на општество базирано на знаење.
За остварување на стратегиските определби, како што се наведува во програмата, и во следниот период владата ќе остане посветена на реализацијата на реформите и проектите кои ќе придонесат за развој и просперитет на државата.
XS
SM
MD
LG