Достапни линкови

СДСМ бара техничка влада, ВМРО-ДПМНЕ ја отфрли таквата можност


СДСМ во реакција на соопштението на претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски кој утринава ги повикува да се вратат во Парламентот, наведува дека ставот на партијата е јасен и оти нема тоа да го направи.
“Ставот на СДСМ е јасен. Нема враќање во парламентот. Ако власта навистина и мисли добро на државата, нека прифати формирање техничка влада којашто ќе спроведе слободни и фер избори” се вели во реакцијата на СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, нагласија дека спровеле слободни, фер, мирни и демократски избори кои биле ефективно и професионално спроведени и планирале истото да го повторат кога за тоа ќе дошол законскиот и уставен рок по четири години.
“Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја отфрла секоја можност за прифаќање на барањето на СДСМ со кое се бара формирање на техничка влада која ќе се фокусира на спроведување на избори” наведуваат во реакцијата ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG