Достапни линкови

Спонзорите на ФИФА бараат истрага за сомнежите за корупција


Двата главни спонзори на ФИФА, компаниите Сони и Адидас изразија загриженост за новите сомневања дека одлуката на главното тело на светскиот фудбал во 2022 година Катар да биде домаќи на Светското првенство е поврзана со корупција.
Британскиот весник Сандеј Тајмс го обвини поранешниот член на извршниот комитет на ФИФА Мухамед бин Хамам дека потрошил 1,7 милиони долари за да обезбеди гласови за Катар од азиската делегација.
Денеска компанијата Сони побара да се спроведе темелна истрага за обвинувањата за поткуп, а Адидас пак оцени дека обвинувањата може да му наштетат на фудбалот.
Сони и Адидас се меѓу шесте главни спонзори на ФИФА.
XS
SM
MD
LG