Достапни линкови

logo-print

Груевски: Економијата и евроатланските интеграции приоритет за идната влада


Економијата и евроатланските интеграции остануваат приоритет за идниот владин состав, изјави денеска мандатарот на новата влада и актуелен премиер Никола Груевски.
Одговарајќи на новинарско прашање, Груевски истакна дека покрај овие два сектори, идната влада ќе остане силно фокусирана и на сите останати сектори.
“Приоритетите се поврзани со економија и евроатланските интеграции, но се разбира со силен фокус на сите други сектори. Отворањето на нови работни места, привлекувањето на странски инвестиции, охрабрувањето и помагањето на домашните да инвестираат, земјоделството, образованието и здравството - сето тоа е дел од фокусот на идниот владин состав” рече Груевски по промоцијата на 12 нови наслови од проектот за превод на 1000 стручни и научни книги од кои се учи на врвните светски универзитети.
Тој нагласи дека сите министерски места биле производ на коалиционите разговори и оти преговорите завршиле на двострано задоволство.
Осврнувајќи се на министрите без ресор, Груевски рече дека Висар Фида и Горан Мицковски ќе бидат задолжени за привлекување на инвеститори.
“Тие ќе ги зајакнат досегашните министри за привлекување инвеститори Бил Павлевски, Џери Наумоф и Веле Самак” рече Груевски.
XS
SM
MD
LG