Достапни линкови

logo-print

Штајнмајер побара разговори меѓу Киев и Москва


Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер оцени дека само постојани разговори меѓу Москва и Киев може да помогнат за смирување на украинската криза.
Штајнмајер за денешниот број на германскиот весник Тагешпигел изјави дека развојот на некои работи ги подгреваат надежите за можен напредок, како на пример претседателските избори во Украина и првата средба меѓу рускиот и украинскиот претседател во Париз.
“Но може да има вистински напредок ако има директни и постојани разговори меѓу Москва и Киев” оцени Штајнмајер.
Тој вели дека истото ќе им го каже и на полскиот и на рускиот колега со кои ќе се сретне на 10 јуни во Санкт Петерсбург.
XS
SM
MD
LG