Достапни линкови

Украина, Русија и ЕУ ќе разговараат за проблемот со гасот


Официјални претставници на Украина, на Русија и на Европската унија утре ќе разговараат во Брисел во обид да најдат решение за долгот на Киев за природен гас кон Москва.
Претставници на руското министерство за енергетика соопштија дека трите страни исто така ќе преговараат и за цената на рускиот гас што го увезува Украина.
Рускиот гигант за гас Гаспром речиси двојно ја зголеми цената за Киев откако во февруари проруски ориентираниот претседател Виктор Јанукович беше урнат од функцијата.
Украинскиот премиер Арсениј Јацењук се закани дека прашањето ќе го постави пред арбитражниот суд во Стокхолм ако Москва не се согласи да ја намали цената, но додаде дека е можен компромис.
XS
SM
MD
LG