Достапни линкови

Се планира продолжување на разговорите со Иран за нуклеарната програма


Вашингтон повторно ги собра клучните членови на тимот што водеше тајни преговори со Иран за неговата нуклеарна програма минатата година кои доведоа до привремен договор.
Во тимот се вклучени заменик државниот секретар Вилијам Бурнс, подсекретарот за политички прашања Венди Шерман и надворешно политичкиот советник Џејк Суливан.
Преставникот на Европската унија Хелга Шмид исто така ќе седне на разговорите што ќе се одржат утре и задутре.
Техеран соопшти дека нивниот тим ќе отпатува во Рим на 11 и 12 јуни за да разговара со руските претставници.
Билатерални разговори се планирани и со други светски сили, но датумите за средбите се уште не се потврдени.
Преговарачите се обидуваат да финализираат сеопфатен нуклеарен договор пред 20 јули.
XS
SM
MD
LG