Достапни линкови

Повеќе од 200 луѓе исчезнати од поплавите во Авганистан


Жителите на четири села во северен Авганистан очајно се обидуваат да ги најдат своите исчезнати роднини два дена откако силните поплави однесоа речиси 2000 куќи, загинаа десетици луѓе, а присилија илјадници да ги напуштат домовите.
Авганистанските власти вчера соопштија дека пронашле 75 тела во провинцијата Баглан.
Се стравува дека многумина се закопани во остатоците од куќите кои беа уништени во силната поплава.
Повеќе од 200 луѓе се водат за исчезнати по оваа елементарна непогода што се случи во петокот.
Кабинетот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи соошти дека наредиле итна помош за фамилиите засегнати од поплавите.
Помошта во која се вклучени и храна, лекови, кебиња и шатори се доставува со хелихоптер бидејќи патиштата се под вода.
XS
SM
MD
LG