Достапни линкови

Папата на молитвa со лидерите на Израел и Палестина


Папата Франциско е домаќин на молитвениот состанок што ќе се одржи денеска со израелскиот претседател Шимон Перес и палестинскиот лидер Махмуд Абас.
Симболичниот гест за потпомагање на дијалогот доаѓа во време на зголемени тензии меѓу двете страни.
Палестинците неодамна формираа владата на единство поддржана од исламистичката група Хамас.
Израел, пак, планира да ги прошири своите населби на окупираната палестинска земја со градење на 3 200 нови домови.
Папата соопшти дека е “лудо” да се очекува нивно посредништво.
Ватикан го дефинираше денешното случување како повик за мир.
XS
SM
MD
LG