Достапни линкови

logo-print

Во Багдад 60 загинати, престрелки и во Рамади


Ирачките власти соопштија дека повеќе од 60 луѓе се убиени во неколку бомбардирања вчера во претежно шиитски кварт во Багдад.
Во меѓувреме, бунтовниците што во саботата упаднаа во Анбар универзитетот во Рамади остануваат да го контролираат кампусот и утрово.
Тие се препукувале со безбедносните сили откако им дозволиле на студентите и професорите да го напуштат објектот.
Од четвртокот бунтовниците заземаа делови од Рамади и Фалуџа, двата главни града во провинцијата Анбар.
Ирачките безбедносни сили се судрија со бунтовниците и во северениот град Мосул каде што загинаа 60 лица.
XS
SM
MD
LG