Достапни линкови

logo-print

Бајден се сретна со претседателите на Грузија и на Молдавија


Американскиот заменик претседател Џо Бајден денеска во Киев се сретна со грузискиот претседател Ѓорги Маргвелашвили и со молдавскиот шеф на државата Николае Тимофти.
Белата куќа, како што соопшти Бајден за време на состанокот, ќе обезбеди дополнителни пет милиони долари за поддршка на Грузија, а во тек се консултации со американскиот конгрес.
Оваа поддршка треба да им помогне на поединците засегнати од руското поставување граници на административната гранична линија на грузиските окупирани територии, да го зголеми пристапот до независни информации во регионот, да промовира национално единство и да му помогне на Тбилиси да ги спроведе реформите.
Бајден кој во Киев престојува поради инугурацијата на новиот украински претседател Петро Порошенко се сретна и со молдавскиот Тимофти. На земјата тој и вети осум милиони долари поддршка за европскиот пат и за олеснување на ранливоста предзивикана од надворешниот притисок,за што во тек се консултации со конгресот.
XS
SM
MD
LG