Достапни линкови

Почна акција за извлекување на заробените студенти во Ирак


Ирачките безбедносни сили почнаа со акција за да ги ослободат студентите и вработените кои ги држат во заложништво вооружени лица во универзитетскиот кампус во Рамади.
Новинарите присутни на местото на настанот јавуваат дека акцијата ја предводат специјалните сили и дека се слушаат престрелки.
До акцијата доаѓа откако денеска вооружени лица од групите Исламска држава Ирак и Левант се инфилтрираа на универзитетот ги убија чуварите и го уништија мостот што води до главниот влез.
Агенцијата Асошиетед прес повикувајќи се на неименувани полициски и воени извори јави дека бунтовниците подоцна се повлекле, но ова не потврдено.
Повеќе од илјада студенти успеаа да избегаат, но не се знае колкав е бројот на заробените.
Како што се јавува тие се наоѓаат во студенскиот дом.
Болнички извори во Рамади соопштија дека кај нив се донесени две тела од кое едното е на студент, а другото на полицаец.
XS
SM
MD
LG