Достапни линкови

logo-print

Отворен македонскиот павиљон на Венециското биенале


Под покровителство на Министерството за култура, во Артиљерии на Арсенале отворен е Павиљонот на Република Македонија на 14. Интернационална изложба на архитектурата - Биенале во Венеција.
Годинава, во организација на Младинскиот културен центар, Македонија на овој врвен светски архитектонски настан на кој учествуваат 66 земји од светот, се претставува со изложбата „Наоди“. Куратор е Јован Ивановски, доцент на Архитектонскиот факултет во Скопје, кој на проектот работеше заедно со Ана Ивановска-Дескова, Горан Мицковски, Бојан Каранаков, Огнен Марина, Владимир Десков и Александар Радевски.
Македонскиот павиљон е сместен во историскиот комплекс Арсенале. Во него покрај македонскиот, сместени се и павилјоните на Аргентина, Албанија, Костарика, Обединетите Арапски Емирати, Мексико, Перу, Јужна Африка и Турција.
Интернационалната архитектонска изложба Венециско биенале е врвен светски архитектонски настан на кој Македонија континуирано се претставува од 2004 година.
XS
SM
MD
LG