Достапни линкови

Адеми министер за образование, Димитриев за одбрана?


Абдулаќим Адеми ќе биде нов министер за образование, ресорот правда ќе го раководи Аднан Јашари, Лирими Шабани ќе застане на чело на министерството за локална самоуправа, а Беким Незири ќе биде министер за економија, јави телевизијата Алсат-М. Според извори на медиумот за министерството за екологија се планира Хазби Лика, а досегашниот министер за одбрана Талат Џафери нема да добие позиција во новиот владин кабинет, туку ќе ја предводел пратеничката група на ДУИ.
Министерството пак кое досега го раководеше Џафери се враќа во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, а според некои информации на неговото чело ќе застане генералниот секретар на партијата Емил Димитриев.
Алсат-М јавува и дека Муса Џафери и Фатмир Бесими ќе останат на истите функции, односно вицепремиер за рамковен договор и за евроинтеграции.
Инаку законскиот рок до кој претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Грусвки како мандатар треба до собранието да достави владина програма и конечен состав на новиот кабинет истекува утре.
XS
SM
MD
LG