Достапни линкови

logo-print

Путин нареди да се засили контролата на руско-украинската граница


Прес службата на рускиот претседател соопшти дека шефот на државата Владимир Путин наредил до граничниот сервис на Федералната служба за безбедност да ги преземе сите можни мерки за да ја засили безбедноста на руско-украинската граница и да ги спречи нелегалните преминувања.
Засега нема други детали.
Наредбата доаѓа само неколку часа откако новиот претседател на Украина Петро Порошенко даде заклетва.
Овој потег следува и ден откако Путин разговараше со светските лидери во Франција, а американскиот претседател Барак Обама побара од него да престане да ги поддржува сепаратистите во источна Украина и да престане снабдувањето на оружје и материјали преку границата.
Киев завчера соопшти дека три од нејзините гранични караули се заземени од сепаратистите.
XS
SM
MD
LG