Достапни линкови

logo-print

Основачот на пакистанското движење Мутахида Кауми пуштен од лондонската полиција


Основачот на пакистанското движење Мутахида Кауми е пуштен со кауција откако беше притворен од лондонската полиција под сомнение за перење пари.
Алтаф Хусеин беше приведен во неговиот дом во Лондон на трети јуни. Распитот што се одвиваше вчера траеше седум часа, а повторно треба да оди на сослушување во полиција во текот на идниот месец.
Пакистанскиот премиер Назаф Шариф изрази солидарност со Хусеин и им нареди на пакистанските претставници во Лондон да му обезбедат правни услуги.
Хусеин го напушти Пакистан во 1992 година и дојде во Британија по воената операција за завршување на етничките немири во Карачи.
Тој доби британско државјанство во 2002 година.
Иако е во Лондон Хусеин се уште е силно влијателен во Карачи, а приведувањето предзвика насилни протести таму. Вестите за неговото ослободувањето пак се проследени со прослави.
XS
SM
MD
LG