Достапни линкови

Јордански дипломат номиниран за комесар за човекови права на ОН


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун го номинираше амбасадорот на Јордан во светската организација за иден комесар на ОН за човекови права.
Канцеларијата на Бан соопшти дека долгогодишниот дипломат и поранешен миротворец на ОН, принцот Зејд ал Хусеин е изборот на генералниот секретар кој треба да го замени Нави Пилеј,чиј мандат истекува во септември.
Принцот Зејд претходно ги извршуваше функциите амбасадор на Јордан во Обединетите нации, САД и Мексико.
Тој беше задолжен и за политичките односи на мисијата на ОН, УНПРОФОР, за време на конфликтот во поранешна Југославија.
Дипломатите во Обединетите нации очекуваат номинацијата на принцот Зејд да биде потврдена од 193-те членки на генералното собрание на организацијата.
XS
SM
MD
LG