Достапни линкови

Бунтовници држат заложници во ирачки универзитетски кампус


Џихадистите го држат во заложништво персоналот и студентите во универзитетскиот кампус во ирачкиот град Рамади.
Полицијата соопшти дека во нападот што се случил денеска бунтовниците од Исламската држава Ирак и Левант, отцепени групи на Ал-каеда, се инфилтрирале на универзитетот од блиската област Ал-Таша, ги убиле чуварите и го разнеле мостот што води до главниот влез.
Бебзедосните сили направиле кордон околу кампусот.
Левант и други бунтовници предводени од сунитите од декември контролираат делови од провинцијата Анбар вклучувајќи го и градот Фалуџа и делови од Рамади.
Агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР соопшти дека бројката луѓе што ги напуштиле своите домови во месеците борба во провинцијата Анбар изнесува речиси 480 илјади.
XS
SM
MD
LG