Достапни линкови

logo-print

Украина и Русија ги продолжуваат разговорите за несогласувањето за гасот


Киев и Москва денеска ќе ги обноват разговорите за несогласувањата за руските испораки на природен гас. Украинските власти соопштија дека преговорите ќе почнат денеска и ќе траат до понеделник и дека Украина се согласила да ги исплати сите долгови за руските испораки за минатата година.
Ставовите на двете страни се разликуваат за тоа што должи украинската државна енергетска компанија и за цената што Украина треба да ја плати за руските испораки во иднина. Москва ја зголеми повеќе од двојно цената што бара од Киев да ја плати откако проруски ориентираниот претседател Виктор Јанукович беше тргнат од функцијата во февруари.
XS
SM
MD
LG