Достапни линкови

Советот за безбедност со осуда за обидот за атентат во Авганистан


Советот за безбедност на Обединетите нации го осуди обидот за атентат врз кандидатот за претседател на Авганистан Абдула Абдула барајќи мирна транзиција на новата влада.
Абдула заврши со повреди во обидот за атентат кој се случи вчера кога две експлозии беа насочени кон неговата колона возила. Во нападот кој доаѓа на само една недела пред втората рунда претседателски избори загинаа најмалку десет лица.
Во соопштението на Советот за безбедност на ОН се наведува и дека ниту еден терористички акт нема да го одврати Авганистан од патот по кој е тргнат и кој води кон мир, демократија и стабилност, цели кои се поддржани од луѓето, владата и од меѓународната заедница.
XS
SM
MD
LG