Достапни линкови

logo-print

Порошенко даде заклетва и побара единство во Украина


Украинскиот нов претседател Петро Порошенко положи заклетва на церемонијата што се одржа во парламентот во Киев.
Веднаш потоа тој и соопшти на јавноста дека Украина има потреба од мир, безбедност и единство.
Порошенко рече и дека наскоро ќе го посети источниот дел од земјата и ќе дискутира за децентрализацијата на моќта и локалните барања за гаранции за статусот на рускиот јазик. Тој додаде и дека има волја за свикување на локални избори во Донбас.
Новиот претседател побара од бунтовниците да го остават оружјето нудејќи амнестија за оние кои немале крв на рацете, додавајќи дека гарантира коридор за платениците да ја напуштат земјата. Порошенко ја осуди руската анексија на Крим кој како што рече бил, е и ќе биде украинска земја.
Меѓу присутните на инаугурацијата беа и американскиот заменик претседател Џо Бајден, белорускиот претседател Александар Лукашенка и рускиот претставник во Киев.
Порошенко доаѓа на функцијата после Виктор Јанукович кој беше отповикан од парламентот во февруари, по три месечните масовни протести против владата.
Неколку часа пред церемонијата за инаугурација, украинските владини сили ја продолжија битката со проруските сепаратисти во близина на Славјанск и Доњецк.
XS
SM
MD
LG