Достапни линкови

Иванов на инаугурацијата на Порошенко


Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Киев присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Украина Петро Порошенко.
Порошенко победи на претседателските избори што се одржаа минатиот месец, освојувајќи преку 50 oтсто од гласовите. Главни противкандидати му беа поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко, Олег Лјашко, Анатолиј Гришенко и Сергеј Тигипко.
Познатиот „крал на чоколадата“ е сопственик на популарен ТВ канал, на фабрика за автомобили и бродоградилишта. Во текот на кампањата тој вети „нов начин на живот“ и нормализирање на односите со Русија во рок од три месеци. Приоритет во програмата на Порошенко е и членството на Украина во НАТО.
XS
SM
MD
LG