Достапни линкови

Сончево време со температура до 32 степени


Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во северозападните и источните делови е можна појава на изолирана нестабилност. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 25 до 32 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево. Попладне ќе има умерен развој на нестабилна облачност и слаб до умерен северен ветер. Утринската ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 30 степени.
XS
SM
MD
LG