Достапни линкови

logo-print

Петмина повредени во експлозија близу полициска станица во Турција


Пет лица, вклучувајќи тројца полицајци, се повредени при денешната експлозија на полициски полигон, во турскиот округ Кахраманмараш, јави Си-Ен-Ен Турк.

Локалната власт соопшти дека експлозијата не е дело на терористи, туку станува збор за несреќа.

Во експлозијата еден од повредените се наоѓа во потешка здравствена состојба, додека останатите се вон опасност.
XS
SM
MD
LG