Достапни линкови

Протести против начинот на кој се водел случајот „Монструм“


Неколку стотици граѓани денеска протестираа во Скопје против начинот на кој се води судскиот процес „Монструм“ . Тие протестите ги почнаа од Чаир, а ги завршија пред зградата на Државното јавно обвинителство, јавија медиумите во Македонија.

Роднините на обвинетите бараат ослободителни пресуди, бидејќи сметаат дека тие не се одговорни за петкратното убиство кај Смилковско езеро. Пресудата треба да биде донесена на 18 овој месец.

Двајцата првообвинети, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се уште се во косовски затвор. На обвинителната клупа се Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири. Според обвиненијата убиствата ги извршиле Алил Демири и Африм и Агим Исмаиловиќ. Постапката за нивна екстрадиција е во тек.
XS
SM
MD
LG