Достапни линкови

Путин и Порошенко повикаа на крај на кропролевањето во источна Украина


Кремљ соопшти дека рускиот претседател Владимир и новиот претседател на Украина Петро Порошенко повикале на брзо ставање крај на крвопролевањето во источна Украина.
Тие се сретнаа на кратко на маргините на одбележувањето на Денот Д во Нормандија.
Со тоа, како што се оценува, се отвора можност Москва да го признае новото украинско раководство и да започнат преговори за примирје во источна Украина. Како што пренесува прес службата на францускиот претседтател, Путин и Порошенко разговарале и за економските последици од кризата во Украина.
XS
SM
MD
LG