Достапни линкови

Странските банки повлекуваат пари од Македонија?


Одлевањето на пари од домашните банките во стрaнство засега не е на загрижувачко ниво тврдат економистите и банкарите. Во извештај на0 Виенската иницијатива стои дека во последниот квартал од минатата година странските банки повлекле од Македонија пари во износ од 3,7 отсто од БДП.

Економистите се изненадени од податоците што ги објави во својот извештај Виенската иницијатива дека во последниот квартал од минатата година странските банки повлекле од Македонија пари во износ од 3,7 отсто од БДП.
Иако се работи за странски банки, за странски капитал, јас мислам дека според Законот за банкарско тргување и работење таа сума е лимитирана и не се работи за загрижувачки проценти.
Висер Адеми, економски аналитичар.


Економскиот аналитичар Висар Едеми не мисли оти одлевањето на парите е на толку високо ниво за да биде загрижувачко за македонската економија.

„Иако се работи за странски банки, за странски капитал, јас мислам дека според Законот за банкарско тргување и работење таа сума е лимитирана и не се работи за загрижувачки проценти во смисла на земање на парите, сепак тие се водат според македонски закони и тоа одвлекување од Македонија е сепак на стабилно ниво“, вели Адеми.


Според податоците на Светска банка македонскиот БДП во 2012 изнесувал 9,613 милијарди долари, па произлегува дека биле повлечени дури 355 милиони долари.
Имаме и расположива кредитна линија за станбените кредити во неограничен износ, ограничувањето е само колку може да одобриме, бидејќи во Република Македонија не можете да најдете депозит со фиксната каматна стапка.
Глигор Бишев, Шпаркасе банка.


Банкарите неофицијално изјавуваат дека нема повлекување на капитал од нивните банки, дури обратно бидејќи кај дел од банките кои се во странска сопственост добивката се реинвестира.

Од Шпаркасе Македонија велат дека во моментот имаат повлечено од фирмата мајка во Австрија кредитни линии во износ од 40 до 50 милиони евра.

„Имаме и расположива кредитна линија за станбените кредити во неограничен износ, ограничувањето е само колку може да одобриме, бидејќи во Република Македонија не можете да најдете депозит со фиксната каматна стапка за да одобриме кредит со фиксна каматна стапка и истиот во целост се финансира со средства од Шпаркасе банка“, изјави директорот Глигор Бишев.

Тој посети дека се донесени дополнителни пари на почетокот на јануари кога нивната компанија Ерсте купила 10 милиони евра државни записи на Република Македонија.

И во Народна банка на Македонија велат дека не е точно дека толкав процент на капитал од банките се одлеал во странство, иако потврдуваат дека лани имало одлив на капитал од земјава.

Според нивната статистика на платниот биланс во четвртиот квартал на 2013 година, имало нето-одлив на капитал од околу 40 милиони евра, изјави неодамна гувернерот на НБМ, Димитар Богов.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG