Достапни линкови

logo-print

Бомбашки напад врз авганистанскиот претседателски кандидат


Две бомби експлодирале пред хотелот во Кабул каде што предизборен собир одржувал претседателскиот кандидат Абдула Абдула. Тој изјави дека цел на нападот бил неговиот автомобил, но тој не е повреден. Дописникот на Радио Слободна Европа од Кабул јави дека загинале 4-ца цивили. Потоа уште една бомба поставена на патот експлодирала кога таму опминувал автомобилот на Абдула, при што полесно биле повредени неколку негови телохранители и било оштетено возилото. Никој не ја превзеде одговорноста за нападите. Абдула е фаворит на вториот круг од претседателските избори во Авганистан, кој е закажан за 14-ти јуни.
XS
SM
MD
LG