Достапни линкови

Почна одбележувањето на Денот Д


Францускиот претседател Франсоа Оланд ги отвори церемониите за одбележување на 70 годишнината на денот Д, односно пристигнувањето на сојузничките сили на бреговите на Нормандија за време на Втората Светска Војна. Оланд им оддаде почит на 20-те илјади цивили кои загинале во тогашните борби. Знамињата се на половина копје на плажата Омаха, а втерани од американската 29-та пешадијска дивизија беа построени точно во 6 часот и 30 минути, во времето на првото истоварување во Нормандија. Лидери на повеќе земји присуствуваат на одбележувањето, меѓу кои и рускиот претседател Владимир Путин, а Оланд се надева дека идејствува да се поздрави со новиот украински претседател Петро Порошенко.
XS
SM
MD
LG