Достапни линкови

Светските лидери на едно место – годишнина од Денот Д


Светските лидери денеска се собираат во Нормандија во Франција на одбележувањето на 70-годишнината од Денот Д, односно десантот на Нормандија во Втората светска војна. На церемонијата ќе присуствуваат рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Барак Обама, како и лидерите на Франција, Германија, Велика Британија и Канада. Поради тоа има надеж за затоплување на односите што беа влошени поради кризата во Украина. Францускиот претседател Франсоа Оланд наводно ќе се обиде да го натера Путин да се ракува со новоизбраниот претседател на Украина Петро Порошенко на маргините на комеморацијата, што би можело да биде прв чекор кон намалување на тензиите. Групата седум најразвиени индустриски земји во светот вчера во Брисел го предупреди Путин дека ќе ги прошират санкциите кон Русија, ако Москва продолжи со „дестабилизирачките“ активности во источна Украина. Г7 соопшти дека Путин мора да го признае Порошенко како нов претседател на Украина.
XS
SM
MD
LG