Достапни линкови

Украина да биде мост меѓу Русија и Европа


Американскиот државен секретар Џон Кери и неговиот руски колега Сергеј Лавров изјавија дека Украина треба да биде мирен, стабилен и просперитетен мост меѓу Русија и Европа. Зборувајќи пред вчерашната средба во Париз, Кери рече дека украинскиот народ треба да биде во можност „да делува како мост меѓу Истокот и Западот“. Тој изрази надеж дека Вашингтон и Москва ќе „најдат начин за соработка како да направат тоа да се случи“. Лавров се согласи со тоа и додаде дека Москва би сакала сите што живеат во Украина „да се чувствуваат еднакви, почитувани и слушнати, да живеат во мир и да бидат мост, а не пион“. Тој рече дека Русија би сакала „и другите земји како Ирак, Либија, Сирија и многу други исто така да живеат во мир, а не да бидат користени како пиони“.
XS
SM
MD
LG