Достапни линкови

Украина затвори два гранични премини кон Русија


Илустрација.

Илустрација.

Украина соопшти дека затворила два гранични премини кон Русија, по тешките борби со проруските сепаратисти во источна Украина. Граничната полиција вчера соопшти дека два премини во регионот на Луганск се затворени и оти граничарите се повлекле поради „екстремната ескалација“ на безбедносната состојба. Се соопштува и дека продолжуваат борбите на граничниот премин Мариновка во регионот на Доњецк, откако сепаратистите го нападнаа преминот. Украинската влада тврди дека бунтовниците влегуваат на украинска територија од Русија. Москва, пак, тврди дека илјадници украински бегалци влегле во Русија, но Киев негира. Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи, Александар Лукашевич, вчера оцени дека планот на Украина за затворање на границата е „безобразен и недопуштен“.
XS
SM
MD
LG