Достапни линкови

Oсумчлена американска делегација на инаугурацијата на Порошенко


Новоизбраниот украински претседател Петро Порошенко.

Новоизбраниот украински претседател Петро Порошенко.

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Барак Обама ќе испрати осумчлена делегација во Киев на утрешната инаугурација на новоизбраниот украински претседател Петро Порошенко. Делегацијата ќе ја предводи потпретседателот Џо Бајден, а во неа ќе биде и помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања Викторија Нуланд. Обама завчера се сретна со Порошенко во Варшава во знак на поддршка за Киев во справувањето со проруските сепаратисти во источна Украина.
XS
SM
MD
LG