Достапни линкови

Иранскиот претседател наредната недела во посета на Турција


Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани.

Иранскиот претседател Хасан Рохани се очекува наредната недела да ја посети Турција, каде што ќе се сретне со премиерот Реџеп Таип Ердоган. Иранската државна новинска агенција ИРНА вчера објави дека Рохани ќе ја посети Турција на 9 јуни. Новинската агенција АФП, повикувајќи се на турски функционер, објави дека се очекува Рохани да биде придружуван од голема министерска делегација. Неименуваниот турски претставник вели дека ќе се разговара за билатералните односи меѓу двете земји, но и за состојбата на Блискиот Исток. Иран и Турција се на спротивните страни во однос на конфликтот во Сирија. Ердоган е на стана на бунтовниците, додека Иран го поддржува режимот на претседателот Башар ал-Асад. Лидерите на Иран и на Турција веројатно ќе разговараат и за контроверзната иранска нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG