Достапни линкови

logo-print

Рускиот вицепремиер се среќава со неговиот кинески колега


Рускиот вицепремиер Дмитри Рогозин.

Рускиот вицепремиер Дмитри Рогозин.

Рускиот вицепремиер Дмитри Рогозин денеска се среќава со вицепремиерот на кинескиот државен совет Ванг Јанг, со кого треба да разговара за стратешка соработка. Средбата ќе се одржи на маргините на Форумот за технолошки развој „Технопром 2014“ во Новосибирск. Денешната тркалезна маса на форумот е посветена на технологијата поврзана со руските планови за развој на Арктикот. Претседателот Владимир Путин побара Русија да ја зајакне воената инфраструктура на Арктикот, каде што се соочува со територијалните претензии на Канада, Данска и на другите земји. Се смета дека на Арктикот има големи количества на нафта и природен гас.
XS
SM
MD
LG