Достапни линкови

Втор ден преговори за Придњестровје во Виена


Илустрација.

Илустрација.

Преговарачите за решавање на конфликтот во молдавската сепаратистичка област Придњестровје денеска во Виена го одржуваат вториот и последен ден разговори од последната рунда. ОБСЕ, Украина и Русија се посредници во преговорите меѓу претставници на Молдавија и на Придњестровје, додека САД и ЕУ се набљудувачи на преговорите. Придњестровје прогласи независност од Молдавија во 1990 година. Двете страни кратко војуваа, по што руската армија интервенираше на страната на отцепениот регион во 1992 година. Сепак, ниту Русија, ниту која било друга земја не го признава Придњестровје како независна држава.
XS
SM
MD
LG